Совладај го германскиот на ниво B2
Подготви се да зборуваш течно, правилно и самоуверено!
Овој курс е создаден за оние што сакаат да го усовршат германскиот јазик и да се подготват за реални ситуации во Германија – како и за полагање на официјален B2 испит (Goethe, telc или ÖSD).
Што вклучува курсот:
• 10 лекции, во кои се вежбаат сите четири јазични вештини: читање, слушање, зборување и пишување, како и граматика.
• 10 видео-лекции со детално објаснета граматика на македонски.
• PDF материјали со задачи и решенија за самостојно учење.
• Персонализиран план и програма, направени според твоите цели, желби и потреби.
• Индивидуални часови преку Google Meet, посветени на зборување и проширување на вокабуларот.
• Целосна подготовка за Goethe, telc и ÖSD испити.
Совет: Испечати ги PDF материјалите за полесно следење и подобра концентрација.
Сите материјали што ги добиваш се заштитени со авторски права. Нивното препраќање на трети лица, како и употреба за комерцијални цели, е строго забрането.
Верзии на курсот:
B2 Basis
– 10 индивидуални часови + персонализиран план и програма
B2 Premium
– 20 индивидуални часови + персонализиран план и програма + дополнителни материјали и теми за разговор
На часовите се вежба вокабуларот преку дијалози, дискусии и реални комуникациски ситуации.
Зошто да го избереш овој курс:
• Флексибилност и индивидуален пристап
• Подготовка за испит и за реален живот во Германија
• Учење на практичен, јасен и модерен начин
• Индивидуално, во свое темпо, со свои цели
• Проширување на вокабуларот и зголемување на самодовербата при зборување
• Текстови и дијалози според реални и секојдневни ситуации
За наставникот:
Курсот е создаден од Наталија Кирковска, дипломиран професор по германски јазик и лиценциран испитувач на меѓународни јазични испити, со долгогодишно искуство во наставата.
Наталија живее и работи во Германија, каде секојдневно предава на ученици од различни земји низ целиот свет. Благодарение на своето искуство и постојаниот контакт со ученици од различни култури, таа ги разбира вистинските предизвици на учењето странски јазик и може да ти понуди јасна насока, практични совети и реална проценка на твојот напредок.
Чекори за купување:
Кликни на „Купи“ и додади го курсот во кошничка.
Пополни ги податоците и кликни „Продолжи со плаќање“.
Ќе добиеш е-пошта со потврда и инструкции (провери и во Spam).
Веднаш добиваш пристап до сите лекции!
По купување на курсот, ќе бидеш контактиран по мејл за креирање на персонализираниот план и програма.