Германија има голема потреба од квалификувани медицински кадри од странство. Сепак, дипломата стекната надвор од Германија не е доволна за самостојна работа во здравствениот систем.
За да можете официјално да работите како лекар, стоматолог или фармацевт, потребно е да поминете низ процес на признавање на квалификацијата (Anerkennung) и да добиете Approbation – државна лиценца за работа.
Овој процес вклучува неколку чекори: подготовка на документи, проверка на образованието, познавање на германски јазик и полагање на стручни испити.
Пред да започнете со постапката, потребно е да ги исполнувате следните услови:
Покрај тоа, потребна е документација со која се докажува образованието и професионалното искуство.
За аплицирање за Approbation најчесто се бараат следните документи:
Сите документи кои не се на германски јазик мора да бидат преведени од овластен судски преведувач.
Во Германија не постои единствен централен орган. Барањето се поднесува до надлежната институција во соодветната покраина (Approbationsbehörde), каде што планирате да работите.
Baden-Württemberg
Bayern
Berlin
Институцијата ја проверува комплетната документација и ја оценува еквивалентноста на образованието со германските стандарди.
Покрај општото познавање на германски јазик Б2, задолжително е да се покаже и професионална комуникација во медицинска средина.
Потребно е:
На испитот се оценува:
Целта е да се докаже способност за професионална комуникација во германскиот здравствен систем.
По поднесување на барањето, надлежната институција ја споредува вашата диплома со германските образовни стандарди.
Дипломите стекнати надвор од Европската Унија најчесто не се признаваат автоматски како целосно еквивалентни, па затоа се бара полагање на Kenntnisprüfung – стручен испит
За дипломи стекнати надвор од Европската Унија, најчесто бара Kenntnisprüfung.
Овој испит го проверува стручниот медицински/фармацевтски или стоматолошки ниво и неговата усогласеност со германските стандарди.
За стоматолози и фармацевти, испитот е прилагоден според професијата.
Откако ќе ги исполните сите услови:
добивате:
Со Approbation имате право да работите како целосно признат медицински професионалец во Германија.
Времетраењето зависи од:
Затоа е препорачливо документацијата да биде целосно и правилно подготвена од самиот почеток.
Патот до Approbation во Германија бара време, трпение и добра подготовка, но претставува одлична можност за професионален развој во еден од најразвиените здравствени системи во Европа.
Слични стати: Работа како доктор во Германија, со диплома од трета земја. https://ucamgermanski.mk/%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b4%d0%be%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%b4%d0%b8%d0%bf/
