Goethe-Zertifikat А1 | TELC А1 | ÖSD А1
Овој курс е изработен од искусен испитувач на А1 испитот по германски јазик (Goethe/ÖSD) и е создаден според реалните барања, критериуми и искуства. Целта на курсот е да ви помогне систематски да се подготвите за успешно полагање на сите меѓународно признатите A1 испити: Goethe, TELC и ÖSD.
Ќе добиете јасни објаснувања за структурата на испитот, најважните стратегии за успешно решавање на задачите и практични совети кои ќе ви помогнат да избегнете најчести грешки.
✅ 5 видео лекции со детални објаснувања за целосниот формат на А1 испитот
(Goethe, TELC и ÖSD) – објаснети на македонски јазик
✅ Стратегии и техники за полагање
Како правилно да се подготвите, како да управувате со времето и како да постигнете подобар резултат на секој дел од испитот
✅ Пример-дијалози и практични вежби
Материјали за развивање на сигурност во комуникацијата
✅ Материјали за учење
🎧 Слушање (Hören)
Вежби со аудио-записи слични на оние на вистинскиот испит, со објаснувања и насоки.
📖 Читање (Lesen)
Текстови, прашања и стратегии за полесно разбирање и точно решавање.
✍️ Пишување (Schreiben)
Објаснувања за структурата на писмените задачи, корисни фрази и пример-текстови.
🗣 Зборување (Sprechen)
Симулации на А1 испитот, пример-одговори и совети како успешно да го положите усниот дел.
Пристап до курсот: 5 месеци