info@ucamgermanski.mk @ucamgermanski.mk +38971901002

B1/B2 конверзациски курс

Интерактивен курс

Времетраење од: 01.07.2026 до 31.07.2026

Вкупно часови: 12

Конверзациски курс Б1/Б2 – Зборувај самоуверено!

🚀Имате солидна основа, но сакате да го усовршите вашиот германски јазик и да зборувате посигурно и потечно?

Нашиот конверзациски курс за ниво Б1/Б2 е токму за вас, ќе ви помогне да ги зацврстите и надградите вашите знаења, додека истовремено ве поттикнува да зборувате спонтано и самоуверено на секојдневни теми.

На часовите ќе имате можност активно да вежбате зборување во мала група со професор со долгогодишно искуство како наставник и испитувач во Германија, кој ќе ве насочи кон правилна употреба на јазикот.

Фокусот е ставен на реални ситуации од секојдневниот живот, со употреба на практичен и применлив вокабулар, за да можете веднаш да го користите наученото во вистински контекст.

Направете го следниот чекор кон течно и самоуверено комуницирање на германски!

✨ Што ќе научите?

  • Течно изразување на секојдневни теми
  • Практична примена на граматички правила во реални ситуации
  • Подобрување и зголемување на вокабуларот и правилен изговор
  • Симулирање на реални животни ситуации

🔹 За кого е наменет курсот?

  • За сите кои сакаат да зборуваат спонтано, слободно и професионално
  • За оние кои се подготвуваат за работа, студии или патувања

🔹Предуслови за учење

💻 Онлајн часови – со интерактивен и динамичен пристап.
Термини – 4 недели, понеделник и четврток 19:30 до 21:00 часот

🔹Максимален број на слушатели:
12 учесници

🔹Минимален број на слушатели:
Минималниот број на учесници е 5. Доколку не се достигне овој број, постои можност курсот да не се реализира. Во таков случај, навремено ќе Ви понудиме алтернативна опција. Ако одлучите да не ја прифатите, средствата кои сте ги уплатиле ќе Ви бидат целосно рефундирани.

🔹Цена: 4000 денари

✔ 12 наставни часа (à 45 мин)

Пријавете се и направете чекор поблиску до вашите цели!