info@ucamgermanski.mk @ucamgermanski.mk +38971901002

Германски јазик за основци

Интерактивен курс

Времетраење од: 02.11.2026 до 30.11.2026

Вкупно часови: 4

Германски за основци– 6–9 одделение

Курсот е наменет за ученици од 6-то до 9-то одделение на кои им е потребна дополнителна помош и поддршка во учењето германски јазик.

Преку јасни објаснувања, практични вежби и работа со училишниот материјал, учениците ќе можат полесно да ја разберат граматиката, да го прошират вокабуларот и да стекнат поголема сигурност при користење на германскиот јазик.

Фокусот на курсот е на подобро совладување на материјалот што учениците го изучуваат на училиште, надополнување на знаењето и помош при тешкотиите со кои се соочуваат во наставата.

На курсот учениците ќе работат на:

  • 📚 разбирање и совладување на училишниот материјал
  • 🇩🇪 граматика и правилна употреба на германскиот јазик
  • 🗣️ зборување
  • 📝 пишување реченици и кратки текстови
  • 📖 читање и разбирање текстови
  • 🎧 слушање и разбирање на германски јазик
  • 🧠 проширување на вокабуларот
  • ✏️ дополнителни вежби
  • 📝 подготовка за тестови, контролни задачи и усни испрашувања
  • 🎯 подобрување на знаењето и училишниот успех

Курсот е наменет за ученици кои сакаат полесно да го совладаат германскиот јазик, да го надградат своето знаење и подобро да го следат материјалот што го изучуваат на училиште

Целта е германскиот јазик да стане полесен, поразбирлив и помалку стресен, а учениците да стекнат поголема сигурност во своето знаење и подобри резултати на училиште.

🕐 Термин

Секоја среда | 19:00–20:00 часот

👥 Групен курс

💰 Цена

1.200 денари месечно

📅 Почеток

Нови ученици можат да се приклучат на почетокот на секој месец.

💻 Онлајн курс | 1 час неделно | 6–9 одделение