Виза за приклучување кон семејство (Кон брачен другар)
Ако вашиот брачен другар живее во Германија и сакате да се преселите кај него, постои можност за спојување на семејството преку добивање виза за престој. Овој процес има одредени барања и услови што мора да бидат исполнети за да добиете дозвола за влез и престој во Германија.
Услови за добивање на виза за спојување на семејство
За да аплицирате за виза за спојување на семејство, треба да ги исполнувате следниве услови:
- Вашиот брачен другар мора да има регулиран престој во Германија
- Брачниот другар мора да поседува дозвола за престој или постојан престој во Германија.
- Извод од венчаница
- Потребно е да доставите извод од венчаница (меѓународен или со официјален превод на германски јазик).
- Доволно финансиски средства
- Вашиот брачен другар мора да има доволно приходи за да ве издржува, освен ако е државјанин на Германија.
- Доволно големо место на живеење
- Мора да се покаже дека има доволно простор за заеднички живот.
- Основно познавање на германски јазик (А1 ниво)
- Во повеќето случаи, треба да доставите меѓународно признат сертификат за познавање на германски јазик (А1). Исклучоци од ова правило постојат, на пример, ако брачниот другар има „плава карта (Blaue Karte)“ или е високо квалификуван работник.
- Во А1 Премиум курсот на Учам Германски добивате: детално објаснети лекции на македонски јазик со сите потребни материјали, 10 индивидуални часа и персонализиран план, како и бесплатен курс за подготовка за А1 испит (Goethe, TELC, ÖSD)
- https://ucamgermanski.mk/product/premium-a1prufungsvorbereitung-goethe/
Процедура за аплицирање
- Закажување термин во германската амбасада во вашата земја.
- Поднесување на документите (пасош, пополнет формулар, венчаница, доказ за јазик и финансиска сигурност).
- Чекање на одлука – постапката може да трае неколку месеци.
- По одобрување на визата, можете да отпатувате во Германија и таму да поднесете барање за дозвола за престој.
Потребни документи
https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise/2492300-2492300