Работејќи во едукативниот сектор во Германија веќе 4 години, во областа на предавање општ и стручен германски јазик на странци, како и во административниот дел, многу добро ми се познати потешкотиите со кои се соочуваат лица од медицинската област кои сакаат да работат во здравствениот сектор во Германија. Иако Германија има голема потреба од стручен кадар, особено во оваа област, патот низ бирократскиот систем, како и недостатокот на соодветно јазично ниво, претставуваат огромен предизвик за секој поединец.
Побарувачката за медицински персонал е голема, и многу странски доктори се заинтересирани да ја продолжат својата кариера во Германија. Сепак, за да работите како лекар во Германија, потребно е да поминете преку одредените правни и административни процедури, особено ако дипломата е стекната во земја надвор од Европската Унија (ЕУ).
Главниот предизвик за докторите од трети земји е процесот на признавање на дипломата, кој вклучува проценка на еквивалентноста со германските медицински квалификации. Покрај тоа, неопходно е да се докаже познавање на германскиот јазик, особено во областа на медицинската комуникација.
Во зависност од тоа дали дипломата е призната како еквивалентна на германската, кандидатот може директно да добие неограничена дозвола за работа (Approbation) или, доколку има недостатоци, да треба да полага испит за стручно знаење (Kenntnisprüfung). Додека трае процесот на признавање, можно е да се добие привремена дозвола за работа (Berufserlaubnis), која дозволува ограничено вршење на професијата.
За да се практикува лекарската професија во Германија, потребна е официјална дозвола (Approbation) или привремена дозвола за работа (Berufserlaubnis). Овие дозволи се издаваат според германските закони и зависат од квалификациите на подносителот.
1.1 Привремена дозвола за работа (Berufserlaubnis)
1.2 Услови за добивање на неограничена дозвола (Approbation)
2. Патот за добивање на дозвола за вршење лекарска професија и вработување
3. Надлежни институции за процесот на нострификација на диплома
Лекарите можат да ја поднесат својата апликација за признавање на странска диплома според германското законодавство уште од странство. Сепак, мора да биде јасно каде (во која покраина) ќе се спроведе признавањето, за да може да се контактира надлежната институција.
Повеќе информации за поднесување на барање за нострификација (признавање) ќе најдеш на:
https://www.anerkennung-in-deutschland.de/html/de/2688.php
4. Испити (Fachsprachprüfung и Kenntnisprüfung)
4.1 Испит за стручна терминологија C1 (Fachsprachprüfung)
Испит за стручна терминологија (Fachsprachprüfung) за доктори е испит кој се полага за да се провери познавањето на стручен германски во областа на медицината. Овој испит е задолжителен за доктори, со цел да се обезбеди нивната способност да комуницираат со пациенти и колеги на стручниот јазик.
4.2 Стручен испит (Kenntnisprüfung)
Kenntnisprüfung е испит кој се бара од странските лекари кои сакаат да работат во Германија, но чија диплома не е целосно призната. Овој испит има за цел да провери дали лекарите имаат доволно знаење и вештини за да работат според германските медицински стандарди.
5. Подготовка за испитите (Fachsprachprüfung и Kenntnisprüfung)
Постојат многу можности и начини за подготовка за Fachsprachprüfung и Kenntnisprüfung во Германија, а курсевите може да се финансираат од страна на учесниците или да бидат поддржани од различни извори, како работодавачи, јавни програми или државни субвенции. За да добиеш финансирање, важно е да ги исполнуваш условите за апликација, кои можат да варираат во зависност од програмата или институцијата.
Важно: Ако сте завршиле специјализација во Македонија (или друга “трета земја”), прво треба да добиете неограничена дозвола за работа во Германија (Approbation), а потоа да аплицирате за признавање на вашата специјализација.
На овој портал ќе најдете повеќе информации за животот и работата во Германија:
Make it in Germany – Лекари
Овој текст е авторско дело на Наталија Кирковска и сите права за користење се задржани. Копирањето, репродукцијата или било каква друга употреба на текстот без претходна дозвола од авторот е строго забранета.