Работа во Германија како медицинска сестра или негувателка од Македонија
Зошто оваа професија е толку барана и како да започнете
Зошто Германија има голема потреба од медицински сестри и негуватели?
Германија се соочува со значителен дефицит на медицински сестри и негуватели, пред сè поради стареењето на населението и зголемените потреби за здравствена и социјална грижа. Според прогнозите, во следните 10 години ќе бидат потребни околу 500.000 дополнителни здравствени работници во овие професии. Пандемијата COVID-19 дополнително ја нагласи важноста на овие професии и го зголеми интересот за привлекување кадар од странство, вклучувајќи ја и Македонија.
Медицинските сестри и негувателите се клучна алка во германскиот здравствен систем, одговорни за нега, грижа и поддршка на пациенти во болници, домови за стари лица и во домашна нега. Со оглед на високите стандарди за квалитет во Германија, потребни се високо квалификувани и посветени професионалци.
Споредба на здравствените системи: Македонија и Германија
Во Македонија, образованието за медицински сестри и негуватели е повеќе теоретско, а практичната настава понекогаш е ограничена. Во Германија, образованието трае три години и комбинира теоретска настава со обемна практична обука.
Во Германија улогите се јасно дефинирани: медицинските сестри имаат конкретни задачи и одговорности, додека негувателите се фокусираат на помош и нега. Во Македонија овие улоги често се преклопуваат.
Јазичните барања во Германија се високи – се бара минимум ниво B2, а во повеќето случаи C1, особено за полагање на стручниот јазичен испит („Fachsprachprüfung“).
Како да започнете работа во Германија како медицинска сестра или негувателка?
1. Признавање на квалификациите („Anerkennung“)
Дипломата од Македонија мора да биде признаена од надлежните органи во германската сојузна држава каде планирате да работите.
Се проверува дали вашите квалификации се еквивалентни на германските стандарди.
Ако постојат разлики, ќе треба да посетите адаптациски курс или да полагате дополнителен испит.
2. Јазични барања
Минималното јазично ниво е B2, а најчесто се бара и C1.
Ниво Б1 не е доволно за признавање, но со тоа ниво може да се работи како асистент.
Препорачливо е да учите општ и стручен германски, со подготовка за испити.
3. Виза и дозвола за работа
По добивањето на нострификацијата и потребните сертификати, се аплицира за работна виза во германската амбасада во Скопје.
Потребна е официјална понуда за работа.
Времето додека чекате може да се искористи за учење и подготовка.
4. Прилагодување и почеток на работа
Работодавачите често нудат влезни програми, менторство и интегративни курсеви.
Се учат специфики на германскиот здравствен систем и стандарди.
Работата е регулирана и нуди можности за професионален развој.
Каде може да учите германски јазик?
Постојат различни училишта и платформи за учење германски јазик, со опции за настава во живо и онлајн. Платформата “Учам германски“ (www.ucamgermanski.mk), нуди: